Александар Вучиќ ужива голема доверба кај македонските граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, оцени Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Според него, ваквиот однос е резултат на поддршката што Србија ѝ ја давала на Македонија во изминатите години, преку обезбедување вакцини, помош при гаснење пожари и други форми на соработка.
Богдановиќ го истакна и решавањето на црковниот спор како значаен момент во дополнителното зближување на двата народа.
Тој посочи дека позитивната политичка атмосфера придонела и за унапредување на економската соработка, зголемување на инвестициите и развој на туризмот.
Како една од заложбите на СДЛ ја најави дополнителната промоција на економските, културните и туристичките врски меѓу Македонија и Србија.