Македонија

Со солзи сведочеше преживеана од „Пулс“: Изгубив свест, сите бевме заглавени

Со солзи сведочеше преживеана од „Пулс“: Изгубив свест, сите бевме заглавени
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Со потресно сведоштво и солзи, 24-годишната Анастасија Соколова од Кочани, која го преживеала трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, денеска пред судот раскажа за своето работно искуство во објектот и за кобната ноќ во која животот го загубија 63 лица.

Соколова, студентка на ФИНКИ, беше една од двајцата сведоци на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов кои се појавија на денешното рочиште во Идризово, иако беа повикани седуммина.

Таа во дискотеката работела повремено, за време на викендите, најпрво како хостеса, а подоцна како шанкерка. Според нејзиното сведочење, Јованов бил задолжен за распределување на работните задачи и давал инструкции на вработените.

Зборувајќи за противпожарната опрема во објектот, Соколова посочи дека забележала само еден или два противпожарни апарати кај билетарата.

Таа потврди дека и претходно во дискотеката се користеле пиротехнички средства, но дека никогаш не забележала пиротехника со таков интензитет како кобната вечер.

Со солзи во очите, младата девојка раскажа за стампедото и борбата за спас.

„Имаше настанато стампедо. Сите се заглавивме. Јас изгубив свест зашто бев силно удрена во ѕидот“, сведочеше Соколова.

Во однос на задната врата на објектот, таа посочи дека ја видела отворена само за проветрување, но никогаш не забележала дека ја користат гостите.

Обвинителот Борче Јанев ја соочи Соколова и со нејзиниот исказ даден во текот на истрагата, во кој навела дека не ѝ било познато оти дискотеката располага со друг излез за евакуација, освен главниот.

На денешното рочиште како втор сведок на одбраната на првообвинетиот Јованов се појави Бојан Спасовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни