Македонија

Продолжува надзорната расправа за „АЛТА банка“, се очекуваат одговори од раководството

Продолжува надзорната расправа за „АЛТА банка“, се очекуваат одговори од раководството

Во Собранието денеска треба да продолжи надзорната расправа на Комисијата за финансирање и буџет за „АЛТА банка“, посветена на причините за воведување администрација, постапувањето на Народната банка и одговорноста на надлежните институции.

На расправата се повикани претставници на менаџерскиот тим, Управниот и Надзорниот одбор на банката. До вчера ниту едно од поканетите лица не го потврдило присуството, а за дел од нив било наведено дека повторно се на службен пат во периодот предвиден за седницата.

Пред почетокот на расправата останува неизвесно дали повиканите ќе се појават пред пратениците и ќе одговорат на прашањата за состојбата во банката и за средствата на клиентите.

Покрај околностите што довеле до воведување администрација, Комисијата ги разгледува и проверките што Народната банка ги направила пред да даде согласност за влез на новиот инвеститор во тогашната Стопанска банка АД Битола.

Во меѓувреме, СДСМ вчера поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески, барајќи политичка одговорност за постапувањето поврзано со влезот на „Алта банка“ АД Белград во битолската банка.

Паралелно со надзорната расправа се спроведува и постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во „АЛТА банка“ АД Битола.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни