Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјава, каде се очекуваат над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер.
Под влијание на циклонска активност, од вечерните часови до недела се очекува претежно облачно и врнежливо време. На одредени места вкупното количество воден талог во овој период ќе надмине 80 литри на квадратен метар.
За време на викендот, поради продор на студена воздушна маса од север, температурите ќе опаднат, а на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. На планините ќе врне само снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.
Од почетокот на следната работна седмица се очекува стабилизирање на временските услови, со променлива облачност и сончеви периоди.