Македонија

Граѓаните чекаат пари од „МојДДВ“, остануваат уште неколку дена до рокот за исплата

Граѓаните чекаат пари од „МојДДВ“, остануваат уште неколку дена до рокот за исплата

Корисниците на апликацијата „МојДДВ“ наскоро треба да ги добијат парите од повратот на дел од платениот данок на додадена вредност за сметките што ги скенирале во изминатите три месеци. Исплатата се однесува на третото тримесечје од 2026 година, односно на фискалните сметки од јули, август и септември.

Според предвидените рокови, Управата за јавни приходи треба да го реализира повратот најдоцна до 30 ноември годинава.

Средствата се префрлаат директно на трансакциските сметки на граѓаните кои ја користат апликацијата, а висината на исплатата зависи од вредноста на скенираните фискални сметки и пресметаниот износ на поврат на ДДВ.

Иако до истекот на рокот остануваат уште неколку дена, засега нема официјална информација од Управата за јавни приходи за точниот датум кога ќе започне исплатата и кога парите ќе бидат достапни на сметките на корисниците.

Граѓаните во наредните денови очекуваат исплата на средствата, согласно законскиот рок за повратот од третото тримесечје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни