Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Студентите без одговор од Гаши за ручек во собранискиот ресторан – Ходаи најавува можно собирање пред Собранието

Студентите без одговор од Гаши за ручек во собранискиот ресторан – Ходаи најавува можно собирање пред Собранието

Студентите сè уште чекаат официјален одговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши, на барањето да им биде овозможено да се хранат во собранискиот ресторан по истите цени како пратениците.

Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ посочи дека најавената посета на 27 ноември нема да се реализира поради отсуството на официјален одговор.

„За жал, уште немаме одговор од страна на спикерот на Собранието, господинот Африм Гаши, дали собранискиот ресторан ќе има отворен ден за студентите“, рече Ходаи.

Тој не ја исклучува можноста студентите самоиницијативно да се организираат и да се појават пред законодавниот дом.

„Ние ќе им дадеме уште време, додека добиеме службен, официјален одговор од нивна страна. Потоа ќе се договориме со студентите“, изјави Ходаи, посочувајќи дека се разгледува и можноста за собирање пред Собранието без покана.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни