Дел од пратениците не само што се хранат по повластени цени во собранискиот ресторан, туку земаат храна и за своите семејства, тврди Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Имаме информација дека понекогаш бараат храната да се спакува и за дома, затоа што знаат дека со цените што ги имаме моментално во државата, во супермаркетите и рестораните, многу е скапо да се храни семејството“, изјави Ходаи.
Според него, ваквото однесување е поразително, особено ако се земат предвид високите примања на народните избраници.
„Тоа е многу поразително, затоа што зборуваме за пратеници кои треба да бидат претставници на граѓаните, треба да ги кажат маките на граѓаните, додека тие немаат допир со реалноста“, додаде Ходаи.