Додека пратениците со високи месечни примања имаат пристап до евтини и богати оброци, студентите во Македонија се принудени да штедат и на храна, посочи Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Тој смета дека народните избраници треба да се засрамат од разликата меѓу нивниот и студентскиот стандард.
„Не верувам дека уште имаат лице да можат да ги гледаат во очи студентите“, рече Ходаи.
Тој направи споредба со секојдневието на младите кои живеат во студентските домови.
„Со повисока плата, тие јадат многу поевтино и многу побогато од еден студент што преживува во Македонија и во студентските домови. Што е уште полошо, јадат кроасан и јогурт за вечера“, нагласи Ходаи.