Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе се одвива со ограничувања поради излизгување на товарно возило што се случило во текот на утринските часови.
Иако патот сè уште не е официјално пуштен за движење во двата правци, полициските службеници на терен овозможуваат внимателно пропуштање на патничките возила по едната страна од коловозот.
Засега нема информации кога сообраќајот ќе биде целосно нормализиран.
Се препорачува претпазливо возење и почитување на полициските насоки.