Општина Центар апелира до граѓаните да не ја користат водата за пиење од двете јавни чешми „Тасино Чешмиче“, откако бактериолошките анализи покажале дека таа не ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет.
Градоначалникот Горан Герасимовски преку социјалните мрежи информираше дека, според резултатите од испитувањата на Центарот за јавно здравје – Скопје, во водата од левата и десната чешма е утврден зголемен вкупен број колиформи бактерии.
Поради бактериолошката неисправност на водата, од Општината ги повикуваат граѓаните да се воздржат од нејзино користење за пиење сè до добивање нови резултати од испитувањата.