На 29.11.2026 во 00:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Ќ.Ј.(42) и неговата 70-годишна мајка З.Ј., двајцата од село во неготинско.
Претходно, 35-годишна жена пријавила дека во домот, нејзиниот вонбрачен сопруг Ќ.Ј. физички ја нападнал, а неговата мајка З.Ј. ѝ се заканувала.
Тие биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работни Неготино и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.