На 28 годишнината од независноста на Македонија, уставно – правниот статус на Албанците во Македонија се уште е отворена тема. Професорот Мерсим Максути вели дека во голема мерка се унапредени правата на Албанците предвидени со Устав и со Охридскиот договор но дека се уште има да сработи на тоа поле. Има раст во поглед на застапеноста на Албанците низ институциите, но од хиерархиски аспект и раководни места, состојбата е се уште на незадоволително ниво.
„Но од друга страна е дека нивните природни права го надминуваат Охридскиот договор и актуелниот Устав и правата кои ги одредува Уставот на земјава, бидејќи албанскиот народ според етникумот во демографски аспект е втор автохтон народ и сочинува големо мнозинство и секако треба да биде конститутивен елемент во градењето на оваа држава. Затоа тргнувајќи од овој аспект има се уште да се сработи, во правец на нивно унапредување“, вели Максути.
Аналитичарот Нијази Мухамед е малку поскептичен. Тој смета дека Албанците во текот на целиот овој период се таму каде што беа и пред 28 години. Во сите аспекти, како економски, културен, образовен и политички, дека постои назадност на вториот најголем народ во земјава. Виновници за тоа смета дека се албанските политички партии за кои вели дека немаат никаков политички ниту економски план.
„Албанците се таму каде што беа и пред 28 години, во неможноста да се дефинира нивниот уставно – правен статус врз основа на аспирациите и легитимноста што ја имаат во земјава како народ со право да биде државотворен народ заедно со другите. Да не зборуваме за економскиот аспект и еднаквиот развој на нивната демографска и економска тежина кои се катастрофа. Имаме уривање на економската перспектива на Албанците од причина што имотите и владините ресурси не се распределуваат кај албанскиот дел туку кај македонскиот на подрастичен начин како и претходно“, рече Мухамед.
Експертите додаваат дека од политички аспект, Албанците треба да бидат поорганизирани и поупорни во реализација на нивните права. Во меѓувреме, претседателот на Република Албанија, Илир Мета упати честитка до претседателот на РСМ, Стево Пендаровски каде меѓу другото истакнувајќи го огромниот придонес на Албанците во РСМ за стабилноста и евро атлантската интеграција на земјата.