4NEWS.mk

Кафански тепачки во Петровец и Кичево

Вчера утро околу 03.30 часот во Полициското одделение Петровец, М.М.(22) од населба Илинден – Скопје, пријавил дека во угостителски објект во с.Марино, скопско, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска  во 00.20 часот во Полициската станица Кичево, Е.З.(22) од Кичево пријавил дека претходно околу 23.40 часот пред угостителски објект на бул.„Ослободување“ во Кичево бил физички нападнат од Ј.Џ. и уште неколку лица.

Полицијата презема мерки за расчистување и на овој случај. 

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни