Синоќа се случил нов напад врз медицински лица. Роднини на починат пациент нападнале персонал на болницата „8 септември“ во Скопје.
Поради тоа персоналот од Одделот за интензивна нега на болницата, утрово протестирал пред канцеларијата на директорот Христијан Костов.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денешниот ден.
Ова е нов напад на медицински персонал, по серијата напади кои се случија во Тетово и во Скопје, поради кои медицинските лица беа на протест, но се чини дека тоа не даде плод, и дека и натаму продолжуваат нападите.