Македонија

Косовски државјанин приведен на Табановце, приложил туѓа патна исправа

На 25.09.2019 во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје. А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни