Македонија

Нема договор за прв човек на Ревизија, откажана седницата, власта бара повеќе време

Власта го чекаше 40 минути претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски. Нервозен беше и пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Освен Димовски, отсуствуваа и пратениците на опозицијата. Седницата почна со доцнење, но никој не одговори кои се причините.

Прв побара збор пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири. Побара отдложување на седницата на Комисијата за избори и именувања на која требаше да се разговара за првиот на Ревизија, но и на МРТВ, Управата за заштита на лични податоци и други точки. Седницата беше откажана со образложение дека нема договор меѓу политичките субјекти, односно бидејќи координаторите на парламентарните групи не постигнале договор за распределба членовите низ  комисиите.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски рече дека  би било непринципиелно да не го прифати барањето на СДСМ.

Државниот завод за Ревизија се соочува со блокада веќе две години. Мандатот на Државната Ревизија заврши во декември 2017. Од тогаш со оваа институција раководи заменикот Насер Адеми, чиј мандат истекува на 4 октомври. Доколку Собранието не избере ревизор во предвидениот рок, тогаш нема да има  кој да ги потпишува извештаите, годишните програми за работа, плата на вработените, со што и следниот петок оваа институција е во опасност да биде блокирана.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни