На вчерашната средба меѓу пратеникот Мухамед Зеќири и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, беше донесен предлог за изградба на ново училиште во Идризово за учениците Албанци. На прашањето – дали знае за вчерашниот предлог, министерот Адеми ни одговори дека околу ова прашање очекува да бидат известени по службен пат.
Вчера градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, изрази убеденост дека училиштето ќе биде изградено за 3 месеци, а можеби и за помалку.
Но, Адеми, за разлика од Георгиевски со став дека училиштето не може да се изгради за 3 месеци.
12 ученици Албанци од Идризово сѐ уште чекаат решение на проблемот, поради кој речиси цел месец не одат на училиште. Инаку, неодамна родителите на учениците Македонци излегоа на протест против отворање на албанска паралелка во ОУ„Његош“. Иако министерот Адеми повика – до Министерството да се достави барање за отворање албанска паралелка, сепак такво нешто сѐ уште не се случи.