Со пароли против климатските промени, стотина млади започнаа марш од Министерството за животна средина кој заврши пред Влада. Бараа системски промени и креирање еколошки политики.
Нивната листа се состоеше од 5 главни барања: (ГРАФИКА)
1.Да се прогласи вонредна состојба за климатските промени,
2.Да се активира координативно национално тело во борба против климатските промени,
3.Отпочнување на процес за затворање на електраните,
4.Изготвување на план за намалување на употреба на автомобили,
5.Воведување на климатската проблематика во едукативниот процес во основните и средните училишта.
Младите, нивните барања ги поставија пред владината зграда.
Покрај стандардните барања испишани на хартија, младите на креативен начин ги претставија и другите недостатоци со кои се соочува земјата.
Еден од активистите порача дека ќе продолжат со протести и во иднина.
Ова не е прв протест на младите против климатските промени. Со исти пароли и барања излегоа протестираа и минатата недела.