Македонија

По повод денот на Бошњаците – ученици во посета на Собранието, учеа за парламентарната демократија

По повод Денот на Бошњаците, неколку ученици од основното училиште “Братство – Единство“ од Средно Коњари, општина Петровец, го посетија Собранието. Тие влегоа и во салата за пленарни седници за да го видат одблизу местото каде што се обраќаат пратениците.

Во име на Собранието, на учениците добредојде им посака Томе Гусев, кој е задолжен како службеник во Собранието од Парламентарниот Институт, како и пратеникот Зеќир Рамичиловиќ.

Собранието на РСМ секој последен петок од месецот ги отвора вратите за граѓаните од сите возрасти. 28 Септември е Меѓународен ден на Бошњаците, по кој повод сите држави каде што живеат припадници од оваа заедница организираат активности заради почитување на вредностите и бошњачката култура.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни