Македонија

Акција за чистење на реката вардар – за 20 минути извадени околу 50 гуми

За помалку од 20 минути, околу 50 гуми се извадени од речата Вардар во близина на мостот Гоце Делчев во Скопје. Не само гуми туку и други предмети извадија активистите од еколошкото здружение “Не биди ѓубре“ како и неколку други организации.

Активистите велат дека тоа го прават заради подигање на свеста кај граѓаните и бидејќи не сакаат да го гледаат Скопје нечисто.

Освен активистите кои беа ангажирани од разни здруженија, на акцијата и се придружија и  случајни минувачи.

Активистите со себе носеа и метли со кои ги чистеа пешачките патеки.

Ова не прв пат еколошкото здружение “Не биди ѓубре“ да чисти , не само во Скопје , туку на цела територија на земјава со цел подигање на свеста кај граѓаните.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни