Македонија

Горивата поевтинуваат од полноќ

Од вечерва на полноќ ќе возиме со поевтини горива. Бензините и дизелот поевтинуваат за 1 денар, објави денеска Регулаторната комисијата за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни