Македонија

Се запалил 20 тонски камион со плин, брзата реакција на пожарникарите спречи експлозија и катастрофа

Се запали  20-тонски камион товарен со плин на патот Росоман-Кавадарци. Брзата реакција на пожарникарите спречи голема катастрофа, изјави за МИА Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

-Камионот бил во движење, помош побара возачот. На лице место бевме за само три-четири минути и навремено реагиравме и спречивме поголеми последици и штети, рече Чадамов.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни