Помина еден месец од учебната година, а учениците од училиштето „Његош“ сѐ уште не седнаа во училишните клупи. Не се знае каква ќе биде судбината на учениците од Идризово, кои седат дома чекајќи да се отвори албанска паралелка . Министерот за образование, Арбр Адеми, ниту денеска не сакаше да открие – кога овие деца ќе тргнат на училиште. Вели дека за ова прашање ќе се разговара утре во Влада.
Адеми додава дека прашањето околу училиштето се одолговлекло и е политизирано.
Пред два дена родителите на учениците, министерот Адеми и градоначалникот на Гази Баба, се согласија да се изнајде долгорочно решение, односно да се изгради ново училиште. Жителите бараат проблемот што се реши час поскоро.
И додека надлежните бараат решение, учениците седат дома и губат од настава.