Има подобрување и желба за подобрување на условите низ затворите, но потребна е соработка меѓу институциите и континуирана работа, велат од Хелсиншкиот комитет кој во рамки на проектот “Живот зад решетки“ги посетија сите затвори низ земјава, освен тој во Битола. Од таму додаваат дека независно од сработеното, има уште многу работи кои треба да се подобрат во казненопоправните установи.
Според Уранија Пировска, напредок е и фактот дека со доаѓањето на новата Влада, Хелсиншкиот комитет добил право за надгледување на работата на затворите, нешто за што немаа надлежност изминатите 10 години.
Сибел Ахмет, вели дека ова се случува низ затворите о земјава како последица на слабата соработка меѓу институциите, односно, Министерството за правда, за Здравство и Образование.
Таа побара мерки и поголема координација од Министерството за здравство за одржување на здравјето на лицата кои се лишени од слобода. Ахмет додава дека низ затворите недостига и образовно – едукативен процес иако основното и средното образование се задолжителни. Од таму велат дека за 60% е намален буџетот за затворениците и известуваат дека се уште има ќелии каде што се чувствува мирисот на влага.