Македонија

Анѓушев очекува економските параметри во 2019 година да бидат најголеми во последните 15 години

Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години, како и во третиот и четвртиот квартал да продолжи растот што почна во претходни квартали, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Патот кон просперитет“ на Самитот за Западен Балкан што денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист“.

Тој нагласи дека во 2018 година во земјава имаше 700 милиони долари директни странски инвестиции или повеќе од 6,5 проценти од Бруто домашниот производ.

– Ако во октомври се слушнат добри информации верувам дека странските директни инвестиции ќе бидат уште поголеми отколку во 2018 година кога имаше рекордно ниво на вакви инвестиции во досегашната историја на земјата, рече Анѓушев.

Нагласи дека во моментов се преговара со компании од развиениот технолошки свет за инвестиции во земјава и додаде дека ако се помине добро е можно да се привлечат над 100 милиони евра нови инвестиции.

Посочи дека земјава станува атрактивна за странски директни инвестиции и е поконкурентна на ова поле во споредба со останатите земји од Западен Балкан.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни