Македонија

Албански државјани со фалсификувани пасоши приведени на „Табановце“

На 01.10.2019 во 07.05 часот на Граничен премин „Табановце’’ од слобода биле лишени M.Л.(28) и Х.Н.(33), двајцата од Р.Албанија, поради тоа што при пасошка контрола приложиле патни исправи за кои постои основи на сомнение дека се фалсификувани. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни