Македонија

Независниот синдикат на полицијата на протест, бара 25% повисоки плати

Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест низ улиците на Скопје, барајќи за 25% повисоки плати, јавува од терен репортерот на ТВ21.

Претседателот на синдикатот Гоце Делчев рече дека полицијата нема земено плата, и постави ултиматум до министерот Оливер Спасовски од 15 дена за исполнување на барањата на синдикатот.

Прва станица беше крстосницата кај МТВ. Од тука учесниците на протестот ќе се движат кон Сојузот на синдикати каде ќе го врачат писмото со барањата. Следна локација е зградата на ЕУ, и на крајот пред зградата на МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни