Основниот суд Скопје доби нова техничка опрема. Дактилографите веќе не треба да пишуваат на судските рочишта бидејќи истите ќе се снимаат. Со ова ќе се избегнат повторувањата и прекините кои до сега беа пракса за време на рочиштата. Сега дактилографите ќе имаат олеснета работа во следење и ставање во извештаите на адвокатите, обвинителите, сведоците или обвинетите кои зборуваат побрзо. Новата опрема е донација од Американската амбасада во Скопје. Американската амбасада Кејт Мари Брнс рече дека ова е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото.
„Новата опрема ја зголемува транспарентноста и ефикасноста на судските рочишта. Ја згоелмува довербата кај јавноста во институциите. Судиите, обвинителите и адвокатите ќе можат да се фокусираат на тоа што се зборува наместо да запишуваат. Аудио снимањето ја зголемува точноста и праведноста на постапките“, вели Брнс.
Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев рече дека периодов е тежок за судскиот систем но дека работат на менување на состојбата.
Амбасадата на САД опреми 25 сали со опрема за снимање. До сега на рочиштата записниците беа пишувани со дактилограм.