Македонија

Занаетчиите се жалат за старата чаршија – 9,7 милиони денари за средување на излозите на 97 дуќани

Претседателот на здружението ЕСНАФ, Бејтула Морина се жали дека е намалена работата во дуќаните. Тој вели дека властите ја запоставиле Старата чаршија и бара да се среди калдрмата, излозите, осветлувањето и многу други проблеми.

Проектот за ревитализација  на Чаршијата кој започна пред неколку години, стигна до третата фаза. Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека излозите на 97 излози ќе се санираат до крај на годината. Тој потпиша договор со општина Чаир при што изјави дека се издвоени 9.7 милиони денари за третата фаза.

Средствата од Министерството за економија ќе се употребат и реализираат до крајот на оваа година. Од друга страна општина Чаир доби и грант од 2 милиони денари од Светска Банка. Со овие средства следната година ќе се уредат старите излози.

Освен дуќаните, во Чаршијата има и голем број објекти кои претставуваат сакрални споменици, анови, амами, џамии, цркви, безистени.

Од 2008 година Старата Чаршија во Скопје е под трајна заштита како културно наследство со посебна вредност.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни