Македонија

ВИДЕО: Започна јавната седница во Апелација на која Боки 13 бара укинување на притворот

Во Апелиациониот суд започна јавната седница на која Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот „Рекет“, бара укинување на мерката притвор, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Тој и неговиот адвокат Сашо Дуковски се присутни, и ќе ги образложуваат фактите по кои треба да му биде укината мерката притвор, а потоа Судот ќе одлучи по неговото барање.

Мерката притвор му беше укината на Зоран Милески – Кичеец кој се наоѓа во домашен притвор, а додека барањето за укинување на притворот на Катица Јанева, беше одбиено.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни