Жителите на Лабуништа, најавија нов протест против каменоломите за утре во 14:30 часот. Тие повторно ќе го затворат локалниот пат и ќе одржат мирен протест.
„Се известуваат жителите на Лабуништа дека на ден 04.10.2019 година (петок) е најавен мирен протест против каменоломите во Лабуништа од страна на еколошкото друштво „НАТУРА-ЛАБ“ од Лабуништа во 14:30 часот на локалниот пат Лабуништа – Боровец“, известуваат од НАТУРА-ЛАБ.