Македонија

Комесар на ОБСЕ говори за училиштето во Идризово – Владата донесе одлука, родителите да одлучат што сакаат

Во селото Идризово ќе се гради ново училиште. Во него, учениците до 9-то одделение наставата ќе ја следат на нивниот мајчин јазик – албански и македонски. Ваква одлука беше донесена на синоќешната владина седница. А, додека да се изгради објектот, премиерот Зоран Заев рече дека самите родители треба да одлучат во кое училиште да одат нивните деца.

Желбата на родителите е нивните деца наставата да ја продолжат во ОУ„Његош“.

Околу проблемот со образувањето на децата од Идризово, говореше и високиот комесар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кој рече дека на децата треба да им биде обезбедена настава на нивниот мајчин јазик.

Меѓу другото, премиерот Заев рече дека се дадени потребните насоки за изградба на училиштето во Визбегово, а доколку нема место, како што уверува, ќе го купат, позајмат или ќе го земат под кирија, но на децата ќе им биде обезбедена настава.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни