Македонија

Најави за нова политичка партија: „Македонски концепт“ со исклучените од ВМРО-ДПМНЕ?

Нова политичка партија доколку членството на ВМРО-ДПМНЕ не успее да се соедини и да направи нов концепт, вели градоначалникот на општина Кавадарци. Тој во интервју за порталот „Фактор“ додава дека моментално членството на најголемата опозициска партија не заслужува да се погази.

Ако ситуацијата налага да не се вразумиме како партија или не стигнеме до нешто што треба да стигнеме, тогаш има простор да се размислува, доколку и сакам да влегувам понатаму во политичките дејствија, бидејќи јас сепак сум градоначалник, со мандат и функција од ВМРО-ДПМНЕ. Јас лично, до овој момент немам никакви преговори или договри за правење на нов концепт или нова партија, но пак ќе кажам, доколку не успееме да се соединиме и да направиме тоа што треба, не ја затворам можноста за понатамошно дејствие во тој поглед.

„Според најавите, во новата партија би требало да се најдат неколку членови од ВМРО-ДПМНЕ кои беа исклучени, меѓу кои и Никола Тодоров, но и актуелниот шеф на дипломатијата, Никола Димитров. Денеска и двајцата не ни одговорија на нашите повици и испратени прашања околку наводното формирање на нова политичка партија“, вели репортерот на ТВ21, Јовица Пауноски.

Во емисијата „10 МИНУТИ “ на ТВ21, поранешниот министер за надоврешни работи Никола Поповски и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека слушнал за вакви гласини, но не може ништо да коментира.

„Не знам. Имаме слушнато, но не знам најлегитимно е нив да ги прашате. Јас не би можел да одговарам во име на други лица кои не се тука. Мислам дека најкоректно би било доколку сакате за било кој од нив да разговарате да биде присутен. Не би знаел да ви кажам дали е точно или не“, вели Попоски.

Инаку актуелниот градоначалник на Кавадарци Јанчев, е еден од поуспешните градоначалници во Македонија, но откако во ВМРО-ДПМНЕ му се спротивстави на лидерот Христијан Мицкоски за референдумот, беше разрешен од функцијата потпретседател. Тој сѐ уште смета дека Преспанскиот договор бил храбар потег, за кој му честита на премиерот Зоран Заев.

Кога и кој ќе биде дел од новиот „Македонски концепт“ за кој на големо се зборува во јавноста останува да видиме. Како што веќе објави ТВ21, терминот за предвремени парламентарни избор според наши извори ќе биде во месец мај следната година. Со овој термин опозицијата не се согласувала поради наводно губење на гласови од југо-истокот на земјава.Тие бараат предвремени избори во месец март.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни