Македонија

Бизнисмените со предлози за подобра бизнис клима, Ангеловска со засилени мерки против „сивата економија“

Измени  на законот за холдинг друштва и член 218 од законот за извршување т.е да се утврди минимумот на локалните самоуправи над кој не можат да бидат извршени побарувањата на фирмите, за признаените расходи, иницијатива која се однесува на плаќање на ДДВ-то при влезот на суровините, ова се клучните прашањата на кои разговараа денеска бизнисмените со министерката за финансии Нина Ангеловска.  Нивното решавање според претседателот на Стопанска комора ќе допринесе за подобрување на економијата: охрабрување на  домашните инвеститори и привлекување на странски.

-Две  други прашања ќе  бидат третирани, а тоа е иницијативата на министерката која долги години ја бараме, во министерството се поведе силна акција за прашањето на сивата економија и прашањето за воведувањето на фискалниот совет што треба да одржи еден баланс во работењето со јавните финансии во нашата држава-рече Бранко Азески.

Воведување на даночен календар, бизнисмените  за да ги планираат барем 6 месеци однапред активностите, да  не се прават нагли промени кои ќе влијаат негативно. Даноците не се воведуваат за  да се воведат, туку да се операционализираат и да има добар план за нивна ефикасна наплата – изјави Ангеловска.

-Бев од страната на оние кои ги практицирале членовите од законите, сега сум од другата страна каде имам прилика тоа што во пракса било потешко за имплементација да го подобрам. За тоа е потребен реалниот сектор за да делуваме таму каде што  е најпотребно и да креираме попредвидлива деловна околина-рече Ангеловска.

За  тоа вели министерката потребно е адресирање на сивата економија со конкретни мерки и предлози, со цел граѓаните и бизнисмените да се чувствуваат дека  функционираат во еден праведен систем. Една од тие мерки е Мој ДДВ  на која се работи на усовршување, а во догледно време со УЈП ќе  ги најават новитетите. Кога се зборува за  сива економија се мисли во поширока смисла на зборот не само за пазарот на труд, туку  електронска трговија, нерегистрирана дејност –истакна Ангеловска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни