По повод празникот 11 Октомври – Денот на нардното востание, честитки испратија македонските политичари. Стево Пендаровски, Зоран Заев, Талат Џафери, Христијан Мицкоски но и многу други политички личности и субјекти, испратија честитки по повод овој празник.
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ (ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)
„Драги сограѓани, ние сме вечни должници на таа генерација учесници во големото народно востание. Затоа е нужно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата извојувана пред многу години. Тоа е возможно само ако го следиме нивниот пример и ја преземеме нашата генерациска одговорност. Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство ако сакаме да ја реализираме нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна и просперитетна држава – членка на НАТО и на Европската Унија“
ЗОРАН ЗАЕВ (ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РСМ)
„Денеска, на 78 годишнината од државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, стоиме исправено со почит кон борците и борките од НОВ. Пред 78 години тие ја отпочнаа борбата за слобода и ја добија слободата. Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба, и еве ја повторно слободата – ја живееме, ја уживаме. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание“
ТАЛАТ ЏАФЕРИ (ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО)
„Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение“.
ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ (ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ)
„На овој голем ден Македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и нивните на цела една плејада нивни претходници. Целта на востаниците кој се кренаа против фашистичкиот окупатор беше остварување на вековниот стремеж за создавање на независна и суверена, Република Македонија. Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа.
Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка.“