Околу 400 деца на возраст од 3 до 18 години земени од улица, изминативе 13 години престојувале во Центарот за дневен престој во Шуто Оризари. Овде учат да читаат и пишуваат, се подотвуваат за тестови, пишуваат домашни, одржуваат лична хигиена, се хранат. Но, главната цел е да се тргнат од улицата и просењето, објаснуваат психологот, педагогот и социјалниот работник, кои се грижат за нив. Тие додаваат дека родителите на почетокот пружаат отпор децата да се тргнат од улица, но подоцна соработуваат откако ги согледуваат ефектите. На почетокот на годината секојдневно Центарот го посетувале 104 деца , а од септември бројот се намалил на 62, бидејќи останатите се иселиле.
Како и секоја недела „Сите сити “ и денеска ги посетија децата, обезбедувајќи им 200 оброци.
Голем број од овие деца немаат лична документација, па вработените во Центарот им посредуваат во обезбедувањето на личниот идентитет и с грижат за здравствената заштита.