Македонија

Скопјанец пронајден мртов во автомобил

„Синоќа во 01:12 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека на локалниот пат село Петровец кон село Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец, имало паркирано патничко возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки, и во него имало лице кое не било при свест. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за 64-годишниот Д.Л. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопштија од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни