По недобивањето датум за преговори, премиерот Зоран Заев побара што е можно поскоро земјата да оди на предвремени парламентарни избори. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, вели дека барањето на Заев за избори е морален чин. Додава дека е добро на граѓаните да им се даде нова понуда.
Од друга страна пак, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека Заев е исплашен и свесен за грешката што ја направил.
Од Алијанса за Албанците се убедени дека на предвремените избори, албанските гласачи ќе бидат подготвени да изберат нова водечка политичка сила. Според Фљакрон Беџети, актуелните политички партии, го немаат потребниот политички кредибилитет.
Од Движењето Беса, велат дека негативната одлука за датум ја делегитимирала оваа Владата и дека предвремените избори се единствената опција.
Одлуката за предвремени избори во Македонија ја соопшти и министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај. Според него, дебатата на предвремени избори не е поврзана со одлуката на Европскиот совет. Инаку, по ветото на Франција, датум за старт на преговорите со ЕУ, освен Македонија, не доби ниту Албанија, но сепак таму сега за сега не се разгледува можноста за предвремени парламентарни избори.