Оставка и предвремени избори побара речиси целата опозиција. Од ВМРО-ДПМНЕ, па Алијанса за Албанците, и Беса. Освен на пресконференциите во текот на денот, дел од овие партии своето барање го повторија и во емисијата Клик Плус, која беше посветена на студениот туш од Брисел.
Антонио Милошоски ги прозва Заев, Димитров, Османи, од морални, но и политички причини, да се повлечат.
Според генералниот секретар на Алајанса за Албанците, чија партија побара предвремени парламентарни избори и оставки во Владата, за недобивањето на датумот не треба да се обвинува Макрон и Франција. Според него треба да погледмене во нашиот двор и да видиме што сме сториле во изминатиот период.
Но, Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет не се согласува со Таравари и Милошоски. Како што вели тој, Македонија не добила датум за старт на преговорите, само затоа што Макрон ставил вето. Тој вели дека има голема разлика од 2008 и НАТО самитот во Букурешт и сега, бидејќи големо мнозинство европски лидери сега застанале на страна на Македонија.
Колку повеќе се одложува стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, позициите ќе бидат поризични, особено поради случувањата во опкружувањето.
Речиси сите соговорници беа согласни дека меѓународната политика, осовено дипломатијата требала да биде поактивна неколку месеци пред одржувањето на самитот на Европските лидери.