Низ старите улички во Охрид има едно место за кое се чини како времето да застанало со векови. На мал простор, Валентина Паневска заедно со нејзиниот сопруг произведуваат хартија која е иста какао онаа која се произведувала пред 15 века во манастирот Св. Наум.
Истиот процес, со истиот алатки.
По три недели, трошките од дрво на кои им се додава памук, се поврзуваат и се подготвени за производство на хартија.
Бидејќи се уште се мокри од водата, парчињата хартија се диплат со ткаенина која ја впива водата. А потоа се цедат
Но работата не завршува овде. Хартијата се мие и се суши, но не на сонце.
Откако ќе се исушат, повторно се ставаат на печатачот. Потоа се подготвени да се црта или пишува на нив.
Валентина ја одржува оваа работилница заедно со сопругот, употребуваат печатач ист како тој со кој печател Гутенберг во 15 век.
Во работилницата има десетици шаблони со мотиви од Охрид како и уметнички цртежи. Интересот на туристите е огромен.
„Многу е интересно да го гледаш процесот кој се работел пред многу години, 2 илјади години пред Христос и да мислиш дека можеш да го видиш истото што се правело пред многу време, многу е интересно“, вели Џонатан Браун, турист.
Оваа работилница функционира повеќе од 25 години а нуди и различни цени. Првата хартија е произведена во Куна во 2 век п.н.е.