Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев никогаш да не се повтори, заминува како најголемиот срам

После вчерашниот договор за предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година, ВМРО-ДПМНЕ со соопштение дека на земјава не смее повеќе да и се случи ваква, како што велат тие, криминална и антимакедонска власт.

„Никогаш да не се повтори ваква криминална и антимакедонска власт.

Никогаш да не се повтори ваков грабеж и распродажба на националните интереси.

Никогаш да не се повтори ваква расипничка, неспособна и измамничка влада.

Никогаш да не се повтори Зоран Заев и неговиот криминален картел.

Македонија и нејзините граѓани не заслужуваат да бидат потценувани и казнувани заради арамии кои за пусти пари би се откажале од се што е свето.

Владата на Зоран Заев и крими ликовите околу него падна.

Сега е неопходно обединување за обнова на Македонија. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за Рекет, крвавите тендери, криминалните иновации. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за ниската откупна цена и проблемите со откупот на земјоделските производи, за земјоделците кои во скинати патики работат по нивите додека министерот им доаѓа на протест во брендирана гардероба.

Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за милионските задолжувања без ниту една капитална инвестиција.

Сега е време да му се каже на Зоран Заев дека заминува како најголемиот срам на македонскиот народ. Сега е време да им се порача на сите идни корумпирани ликови кои со лаги и измами планираат да дојдат на власт дека народот е мудар и казнува.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни