Студен бран ќе ги спушти утринските температури под нулата во наредните денови, а кон крајот на неделата се очекува и промена на временските услови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во вторник и среда утрата ќе бидат постудени, со минимални температури до -5, односно -8 степени.
Од среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста, со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови од земјава, каде се прогнозираат над 30 литри на квадратен метар.
Поради дополнителното заладување во текот на викендот, врнежите на одредени места ќе бидат од дожд и снег, најавуваат од УХМР.