На денешното прво рочиште против Миле Јовановски, таткото на Боки 13 поради физички напад на поп Виктор Стојчев, не се појави скопската обвинителка Имран Османи. Стојчев поднесе приватна тужба против Јовановски. Сведок на настанот бил и Боки 13 кој денеска не е спроведен од затворот во Шутка, но ќе сведочи понатаму.
После рочиштетот, таткото на Боки 13 рече дека не е Сталоне за да го истепа попот за една минута, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК
„Силвестер Сталоне ли сум да го истепам за една минута?“, одговори Миле Јовановски.
Судењето е одложено за 12 ноември.