Македонија

Изборите го одложија пописот на населението

На пролет треба да се одржи пописот на населението во нашата земја, меѓутоа денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски рече дека новонастанатата ситуација, односно одлуката за одржување предвремени парламентарни избори, ќе го одложи истиот.

„И ние бевме затекнати од новонастанатата ситуација, иако бевме подготвени да го почнеме пописот во пролет 2020 година. Меѓутоа поради изборите, сега ќе треба да го одложиме. Најубаво ќе биде да се одржи во есен или во пролет. Летниот период поголемиот дел од граѓаните се на годишни одмори, а зимно време одредени делови од земјата се недостапни“, вели Симовски кој дополни дека дополнително ќе биде одреден новиот термин.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни