Абдилкадир Исаки со своите роднини протестираше на влезот на компанијата „Гранит“ која му узурпирала земјиште кое тој го поседува веќе 33 години. Тој вели дека земјиштето во минатото било дел од обработливо земјиште во село Никиштани и дека за истото тој поседува имотен лист.
„Дел од ова земјиште го има платено минимално во тоа време а дел е изгубено низ судниците, а еден дел сè уште не е платен. Сето ова компанијата ги има направено со помош на тогашната комунистичка власт, бидејќи во тоа време таа беше државна фирма“, вели Исаки.
Абдилкадир вели дека станува збор за 5 хектари узурпирано земјиште кое се наоѓа кај Качанички пат во Скопје. Тој вели дека иако компанијата не е државна, компанијата Гранит ги искористила сите контакти со власта за да ги добие сите судски процеси.
„Станува збор за 5 илјади хектари земјиште. Компанијата измислува секакви обвиненија, нивните правници исто така а тоа го прават само за да не влечат по судовите. Иако пресудата беше во мој интерес, го добив имотот, на некој начин имам и имотен лист со број 1221, имотот е на мое име и сето ова го постигнав со многу труд.“, рече Исаки.
Абдилкадир тврди дека компанијата „Гранит“ ги искористила немирите во 2001 за манипулации со имотните листови префрлајќи земјишта од селата на нејзино име. ТВ21 побара одговор од акционерското друштво „Гранит“, но од таму до