Македонија

Без асфалт, „Менделеева“ во катастрофална состојба – Жителите: Никој не дошол да не праша за нашите маки

Со месеци, ул. Менделеева во населба Гази Баба е во оваа состојба. Причината за тоа е бидејќи пред неколку месеци беа сменети водоводните цевки. Жителите велат дека од моментот кога завршиле работите за менување на цевките никој не ги посетил ниту пак ги известил што понатаму.

„Не би рекол дека некој се интересира, бидејќи никој не дошол да ни каже што се случува и што ќе се случува во иднина. Не можеме да се движиме по таа улица бидејќи ја раскопаа, тука сте вие и можете да снимите. На оваа мини раскрсница постојано тече вода и има кал, без разлика дали е лето или зима. Во ваква состојба е околу 5-6 месеци“

“Улицата остана раскопана, има вода, кога врне има кал. Никој не ни кажува ништо. Баравме и ни кажаа дека тоа е нивна работа, кој почнал тој да заврши. Така ни рекоа. Калта ни влегува дома“

“Никој не дошол, да праша, ниту да ни каже, кога ќе средат и како ќе средат. Цевките се поставени таму, тече вода и ни влегува во подрумите, никој не презема мерки. Само доаѓаат, гледаат и си одат. Самите гледате какви се улиците, граѓаните ги искршија автомобилите. Децата паѓаат, нозе искршија на камењата.“

Од општина Чаир велат дека не можат да асфалтираат додека не ја заврши работата ЈП Водовод и канализација за менување на цевките и приклучување на домовите на тие цевки.

-Во моментов, на улица Менделева во Гази Баба се уште не се завршени работите кои се под надлежност на ЈП Водовод и канализација. Тие почнаа но се уште немаат завршен, сега треба да овозможат приклучок до секоја куќа на поставената канализациона мрежа во оваа зона, по завршување на работите од страна на јавното претпријатие, Општина Чаир ќе го реализира потребниот процес за асфалтирање на оваа улица-вели Куштрим Ала од Општина Чаир.

Освен проблемот со неасфалтираната улица, жителите се жалат дека не се приклучени на новата водоводна цевка поставена од ЈП Водовод и канализација и не знаат што да прават, дали самите да се приклучат или да чекаат тоа да го направи претпријатието. Затоа, од гореспоменатото претпријатие за ТВ21 накратко потврдија дека работите на оваа улица ќе започнат во четврток и ветуваат дека ќе завршат за кратко време независно од фактот дека станува збор за многу куќи кои треба да се приклучат на главната водоводна цевка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни