Македонија

По сторијата на ТВ21 надлежните на терен на улица „Манделеева“

По сторијата на ТВ21 за состојбата на улицата „Менделеева“ во Гази Баба и по поплаките на жителите дека никој не се интересира за инфраструктурата во нивната населба, реагираше Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.

Работниците на претпријатието излегоа на терен за да ги приклучат куќите на главната водоводна цевка.

Од „Водовод и Канализација“ велат дека работниците ќе бидат на терен секој ден, со цел започнатите активности да ги завршат што е можно побрзо.

Инаку, жителите од улицата „Менделеева“ се жалеа на лошата патна инфраструктура и неприклучувањето на главната водоводна цевка. Од општина Чаир за ТВ21 рекоа дека целосното санирање на улицата ќе започне веднаш по завршувањето на активностите на ЈП „Водовод и Канализација“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни