Во својство на сведок, премиерот Заев сведочеше во судница за масовното прислушување. Тој ja потврди автентичностa на разговорите, а за Мијалков рече дека е виновен за прислушувањето.
„Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува тоа ако го увиди, не го конзумира, изјави Заев по сведочењето“, изјави Зоран Заев.
За постоењето на снимките, Заев бил информиран од Верушевски откако бил назначен за претседател на СДСМ, а остварил и 4 средби со тогашниот премиер Никола Груевски кој се смеел кога Заев му кажувал дека има снимки. На прашање на, судијата Владимир Туфегџиќ дали ги препознава бомбите што сега протекуваат во јавноста дека се од СДСМ, Заев одговори.
„Не го разбирам во целост албанскиот јазик и не сум запазил сѐ во целост. Јас селектирав, но не преслушав сè. Ова што се објавува сега, чекам медиумите првин да преведат, па да разберам за што се збори. Не можам да ги препознаам дали се ова бомбите што јас сум ги слушал додека беа во посед на СДСМ“, изјави Зоран Заев.
Тој истакна дека верува оти и на Мијалков и на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на Никола Груевски, кој е во бегство, но и на сите граѓани во земјава им е јасно како бел ден кој прислушувал и кој е одговорен за незаконското прислушување.
„Дури и на неполнолетните деца им е јасно како бел ден, кој тоа прислушкувал, кој е одговорен за незаконското прислушкување и сите само очекуваат да се изречи казната. Нема дилеми заради тоа што тоа е докажано не само со мојот исказ туку и вештачењата го покажуваат тоа“, изјави Зоран Заев.
Во врска со случајот „Пуч“, Заев нагласи дека тогашниот состав на Јавното обвинителство наместо да го истражува масовното прислушување се ставило во функција на политиката, предводена од Груевски и ги гонело него, Верушевски, неговата сопруга, свиркачите Ѓорѓи Лазаревски, Ѕвонко Костовски.
Зоран Заев во 2015 година како лидер на СДСМ започна со објавување на т.н „бомби“. Прв разговор кој го презентираше беше неговов приватен разговор со неговата ќерка. Во прислушувањето опфатени биле околу 20.000. Како таргет биле новинари, експерти, универзитетски професори, претставници на верски заедници и невладини одрганизации.