Во Охрид започна Охридскиот дијалог чиј домаќин е Претседателот на Владата на Реублика Северна Македонија Зоран Заев, а во коорганизација со Алтланскиот совет и Охридската група. Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.