Првиот човек задолжен за безбедноста во државата, Оливер Спасовски вели дека Владата донела правилна одлука за да го слушнат гласот на граѓаните по кој пат треба да продолжи државата.
„Ние ја донесовле одлуката и сметавме дека сега е моментот кога граѓаните треба да ја донесат својата одлука. Ние направивме се, вложивме многу труд, многу енергија и напори се со цел да стигнеме на Европски пат и со право може да изразиме разочарување дека Македонија не доби датум за преговори“, рече Спасовски.
Спасовски во „Click Plus“ рече дека иако земјата не се наоѓа во политичка криза, сепак тие ги прифатиле барањата на останатите политички партии за формирање на техничка влада од 100 дена пред избори.
„Држава и власт која покажа дека може да организира кристално чисти без никаков притисок и на локалните и на претседателските избори и на референдумот. Меѓутоа сепак се одлучивме заради дијалогот кој што се развива во парламентот и политичките субјекти да се формира т.н техничка влада“, рече Спасовски.
Албанските гласови кои СДСМ ги добила во 2016 година, Спасовски рече дека тие се нови вредности во македонското општество.
„Ние правиме сериозни анализи за тоа како да се отиде на изборите понатаму. Знаете дека СДСМ доби гласови од албанскиот електорат и на изборите во 2016 година тоа е нова вредност во македонското општество“, изјави Спасовски.
Министерот за внатрешни работи е уверен дека актуелната коалиција ќе ја состави идната влада по одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12. април.
„Јас мислам дека на секои избори се одлучува која партија ќе биде на власт, а која во опозиција. Затоа ние рековме, да, одиме на избори народот да ја донесе главната одлука за тоа кој е тој што ќе ги добие изборите. Ние очекуваме дека оваа коалиција која што ја предвои Владата, ќе биде коалиција која ќе ја состави идната Влада по 12. април“.
Во дебатниот магазин се разговараше и на актуелни теми како што е аферата „Рекет“, за која Спасовски рече дека не може никако да сфати како е можно, главниот јавен обвинител да не ја почитува добербата дадена од народот.